Новата ера на дигиталниот маркетинг

Дали вашиот бизнис е подготвен за неа? За 3 минути дознајте каде губите клиенти и што прво да поправите.

Бесплатно и без обврска.

  • Објавуваме редовно. Зошто нема продажба?
  • Плаќаме реклами. Каде е повратот?
  • Кој ќе одговори на пораките навечер?
  • Како да ги следиме сите нови алатки?

Одговорите почнуваат со слика за тоа каде сте сега.

Бесплатна анализа, готова за 3 минути.

Препознавате ли некоја од овие ситуации?

  • Маркетингот троши, а не носи продажба.
  • Немате време и да ја водите фирмата и да објавувате.
  • Плаќате реклами без јасен поврат.
  • Тешко е да се следат новите алатки и промени.

Ако барем едно важи за вас, на вистинско место сте.

Што би било поинаку

  • Буџет што работи: парите одат таму каде што носат продажба.
  • Побрза изведба: работа што одземала денови се завршува многу побрзо.
  • Повеќе барања со помалку рачна работа.
  • Повеќе време за она што само вие можете да го работите.

Еден тим, целосно решение

Маркетинг што работи заедно со AI технологија, воден од луѓе.

  1. Стратегија

    Бренд, содржина и платени кампањи со јасна цел.

  2. Содржина

    Објави, визуели и видеа во идентитетот на вашиот бренд.

  3. Реклами

    Кампањи на Facebook и Instagram со мерлив трошок по резултат.

  4. Автоматизација и барања

    Автоматски одговори на пораки и систем што носи нови барања и кога не сте на телефон.

Нашиот пристап

Не правиме само објави

Работиме со сопствен систем, изграден за да му го донесе на клиентот она што му треба. Затоа кај нас ништо не стои само за себе.

  1. 01Содржина
  2. 02Реклами
  3. 03Одговори
  4. 04Мерење

Она што го покажува мерењето се враќа во следната содржина.

Како работиме

Пет чекори, од првата слика до редовни резултати.

  1. Бесплатна анализа

    За 3 минути гледате каде губите клиенти и што прво да се поправи.

  2. Разговор за запознавање

    Дознаваме каде сте и каде сакате да стигнете.

  3. План и понуда

    Со јасни чекори, јасни очекувања и јасна цена.

  4. Воведување

    Еднаш ги собираме материјалите и пристапите, за потоа да не Ве оптоваруваме.

  5. Изведба и мерење

    Работиме, мериме и прилагодуваме секој месец.

Искуства

„It's been a pleasure to work with Sentient Digital. They have implemented a tailor made lead funnel and took a very unique approach that has transformed my business since.“

Mimi Bond, Realtor®

„Секогаш спремни да го направат невозможното возможно. Голема благодарност до Сентиент Дигитал што се тука да ми помогнат во градењето на мојот бренд.“

Марија Десанова, Owner/Manager @Minnimal

„Секогаш навремени, прецизни и перфектни во задачата. Со помош на Сентиент Дигитал не престануваме да растеме и да го развиваме нашиот интернационален бренд.“

Александар Силјаноски, Co-owner/Manager @KW North Macedonia

Прашања што вреди да се постават

За маркетингот

Затоа што објавувањето е само еден дел од работата. Објавата ја гледаат главно луѓе што веќе Ве следат. За продажба треба и некој нов да Ве види, да добие причина да се јави и да добие брз одговор. Ако еден од тие чекори недостига, останатите работат напразно.

Тоа е наједноставниот облик, и најчесто најскапиот по резултат. Boost ѝ покажува една објава на широка публика. Вистинска кампања одлучува кому, со која порака и со која цел, па мери колку чини секое барање или нарачка. Разликата е како меѓу делење летоци на улица и разговор со човек што веќе бара тоа што го нудите.

Кога работи, барањата престануваат да зависат од среќа и препорака. Знаете од каде доаѓаат клиентите, колку Ве чини секој од нив и што да засилите следниот месец. Бизнисот станува предвидлив.

Препораката е најдобриот извор, но не можете да ја зголемите кога Ви треба. Денес купувачот прво Ве проверува на телефон. Ако таму најде запуштен профил или не добие одговор, оди кај следниот, без Вие да дознаете дека прашал.

Не. На продавница со многу производи ѝ треба производите постојано да бидат пред вистинските луѓе и да знае колку чини една нарачка. На услуга со закажување ѝ треба брз одговор и полн распоред. На локален бизнис му треба да го најдат и да му веруваат. Затоа почнуваме од дејноста, а не од готов пакет.

Кај повеќето бизниси, одговорот. Човек што прашал за цена и чекал до утре често веќе купил на друго место. Убавата објава го носи прашањето, а брзиот одговор ја носи продажбата.

Ја менува брзината, не одговорноста. Со неа се прави за час она што одземало ден. Што да се каже, кому и зошто и понатаму одлучуваат луѓе што го познаваат Вашиот бизнис. Така работиме и ние: технологијата ја забрзува изведбата, а стратегијата и конечната проверка се на луѓе.

За соработката

Не испорачуваме парчиња, туку поврзана целина: содржина, реклами, одговарање и мерење што работат заедно, преку наш систем изграден за тоа. И секој месец добивате бројки што покажуваат што се случило, а не само што е објавено.

Зависи од тоа што му треба на Вашиот бизнис и колку често се објавува. По анализата и краток разговор добивате конкретна понуда.

Не. Буџетот за реклами го плаќате директно кон Meta, преку Вашата рекламна сметка. Ние го водиме и известуваме за секое евро.

Редовноста и уредниот изглед се гледаат уште првиот месец. За рекламите и барањата сметајте на два до три месеци додека системот се прилагоди на Вашата публика.

Фотографии и податоци за производите или услугите, и едно лице што ги одобрува објавите. Сè друго е наша работа.

Од слика за тоа каде сте сега. Бесплатната анализа трае околу 3 минути и покажува каде губите клиенти и што прво да се поправи. Не Ве обврзува на ништо: извештајот останува Ваш и можете да работите по него сами.

Проверете ја подготвеноста

Имате друго прашање?

Закажете разговор

Вие одлучувате

дали ќе чекате, или ќе растете со новите алатки.

Бесплатна анализа, готова за 3 минути.